Murat Tan,Hussein Mahmoud Ragab Elkabany
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
КАИРО (АА) - Најмалку 20 лица загинаа во судири меѓу безбедносните сили и египетските вооружени напаѓачи во западниот регион Вахат, јавува Anadolu Agency (AA)
Египетскиот весник „Ahbar al-Yevm"" повикувајќи се на безбедносните служби објави дека безбедносните сили се судрија со напаѓачите, на 135 километри од Вахат, при што загинаа најмалку 20 полицајци.
Во регионот се преземаат високи безбедносни мерки, а голем број на амбулантни возила се испраќаат на местото на конфликтот. Се очекува дека потрагата по вооружените напаѓачи може да се прошири и во пустинската зона.
Интернет порталот „Мисрави" повикувајќи се полициските извори објави дека досега загинале најмалку 58 полицајци.
Се знае уште и дека египетскиот претседател Aбдулфетах Ес-Сиси треба да присуствува на прославата по повод 75-годишнината од Втората Битка на Ел Aламениа во западниот дел на земјата, но неговата посета е откажана.
Конфликтите во регионот започнаа синоќа, а сите патишта во оваа област се затворени.