Aness Suheil Barghoti
12 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили ги затворија вратите на џамијата „Ал Акса“ во Источен Ерусалим, поради судирите со Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
„Десетици израелски војници го нападнаа комплексот на „Ал Акса“ и нападнаа голем број верници“, изјави портпатолот на Управата за вакуфи во Ерусалим, Фирас Дибс.
Тој истакна дека одговорното лице на џамијата, Шеких Омар Кисвани и врховниот судија на исламскиот суд во Ерусалим, Шеких Васеф ал Бакри, биле меѓу нападнатите лица од страна на израелската полиција.
Тој изјави дека израелските сили со палки нападнале десетици муслимански верници во комплексот „Ал Акса“.
„Најмалку петмина Палестинци се уапсени и се наоѓаат во притвор за понатамошна истрага“, изјави Ал Дибс.
Израелските власти сѐ уште не дадоа коментар во врска со настанот.
Тензиите во Ерусалим ескалираа уште минатиот месец кога израелската полиција накратко го затвори еден од влезовите на џамијата „Ал-Акса“, на источниот ѕид од стариот дел на Ерусалим, што предизвика протести на Палестинците.
Оттогаш, израелските власти им забранија на голем број Палестинци, вклучувајќи и верски претставници, да влезат во местото.
Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа „Ал Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Го анектираше целиот град во 1980 година, потег кој никогаш не беше признат од меѓународната заедница.