Zehra Ulucak
12 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
АНКАРА (АА) - Бројот на починатите на Филипините, како последица на епидемијата на мали сипаници, од почетокот на годината досега, се искачи на 280 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на филипинскиот Национален институт за намалување и управување на ризиците од катастрофи, објавен на интернет-страницата „ReliefWeb“, 280 лица починале низ земјата, од почетокот на годината досега, како резултат на епидемијата на мали сипаници.
Во извештајот се наведува дека од 1 јануари до 7 март во земјата биле регистрирани 18.553 случаи на мали сипаници, од кои 4.087 случаи биле забележани во подрачјето на Џалабарзон.
Според овој извештај, децата од возрасната група од 1 до 4 години се најмногу погодени од оваа епидемија.
Претседателот на Црвениот крст на Филипините, Ричард Гордон, минатата недела предупреди дека околу 2,6 милиони деца можат да бидат под ризик како резултат на епидемијата на мали сипаници во земјата.
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте, минатиот месец упати апел до родителите да ги вакцинираат своите деца против мали сипаници.