Zehra Ulucak
17 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
ТРЕНТОН (АА) - Во американската сојузна држава Њу Џерси се одржува фестивал на уметноста. За време на фестивалот се случи вооружен напад, во кој, според првичните информации, животот го загуби едно лице, а голем број лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Дарен Запли, од полицијата на Трентон, информираше дека во 03:00 часот по локално време, на уметничката и забавна активност „Art All Night“, се случил вооружен напад.
Запли соопшти дека во нападот животот го загубило едно лице, додека големиот број ранети се префрлени во болница, и дека на дел од нив е изведен хируршки зафат.
Засега не се соопштуваат детали околу настанот и состојбата на ранетите.
Активноста од областа на културата, која започна во саботата вечер, траеше во текот на целата ноќ и се очекува да продолжи денес до попладневните часови.