Amina Zorniç
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
КАРАЧИ (AA) - Географски разноликиот Пакистан кој се протега низ појасот на високите планини на северот, висорамнината Балокистан и рамнината во долината на реклата Инд е дом за неколку десетици народи кои со децении живеат испреплетувајќи ги своите култури, обичаи и јазици кои ги има дури 50. Оваа земја е позната по своите високи планини, бујните долини, брзите реки, езерата и разновидниот животински свет.
Фоторепортерот на Anadolu Agency (AA) во оваа голема јужноазиска држава во текот на минатото лето забележа единствени глетки кои најдобро го отсликуваат секојдневието на тамошните жители.
- Жешки лета-
Пакистанските градови во експанзија личат едни со други, во нив владее хаос кој го причинува звукот на автомобилските свирени, стотици пешаци кои се движат по улица, прашината и мирисот на уличната храна.
Во Карачи, најголемиот пакистански град кој се наоѓа на брегот на Арабиското море, северозападно од делтата на Инд, живеат околу 18 милиони жители, највеќе муслимани, католици, хиндуски, ахмадии и други етнички и верски групи.
Минатиот јуни, најголем број од нив можеа да се пронајдат на бреговите на Арабиското море кога неподносливите жештини однесоа повеќе од 200 животи. Температурите во Карачи ова лето надминаа 45 степени Целзјусови што поголемиот број од населението ги искористи за јавање на камили долж пешачките плажи.
По екстремно високите температури во јуни, во август жителите на Карачи ги изненади дождот кој предизвика поплави. Од таа причина во почетокот на месецот животот во нив го загубија осум лица. Призорите на смртоносните поплави го обиколија светот.
- Камилите и магарињата учесници во сообраќајот -
Фоторепортерот на АА ја забележи и необичната убава страна на Пакистан и трговците со стоката кои неретко можат да се видат како со камилите поминуваат низ непрегледните полиња на ориз. Камилите, магарињата и воловите во пакистанските градови се рамноправни учесници во сообраќајот, а со нив се превезува голема количина на стока секој ден.
Интересни се призорите од пакистанските пазари низ кои поминуваат луѓе кои пазаруваат, разменуват, носат и донесуваат роба. На тезгите преполни со овошје и зеленчук можат да се пронајдат некои од најретките зачини на светот со разновиден избор на чили пиперките, куркуми, ѓумбир, цимет, шафран и друго.
Еден од најспецифичките обичаи на Пакистанците е традиционалната борба на бикови која на трговците со стока со најдобрите говеда им доделува посебна чест и статус во општеството. Најголемите борби на бикови се организираат во градот Фатех Јанг, одалечен 40 километри од Исламабад. Настанот секоја година во лето го следат стотици илјади луѓе.
Поголемиот број на Пакистанците на улица го поминуваат најголемиот дел од своето време во секојдневната работа и трговија. Тука Пакистанците секој 14 август го прославуваат Денот на независноста носејќи знамиња и симболи на Пакистан. Дека тој ден претствува голем празник за сите граѓани, најдобро отсликуваат глетките на уредените паркови и продавници, но и свечено облечените млади луѓе кои дефилираат низ градот.
Пакистан исто така нуди некои од најубавите градби на исламската архитектура. Со оглед дека Пакистан е втора земја во светот по бројот на муслиманите, по Индонезија, за нивните потреби изградени се бројни џамии.
- Петтата најголема џамија на светот -
Додека едните џамии се истакнуваат со убавината, другите се издвојуваат со големината. Една од најзначајните пакистански џамии е Бадшахи во градот Лахоре која може да прими 110.000 верници.
Туристите од целиот свет доаѓаат и го посетуваат овој објект кој го претставува бисер на градот и за кој се верува дека е петтата најголема џамија во светот.
Нејзиното име значи Царска џамија, која ја изгради могулскиот цар Аурангзеба кон крајот на 17 век, кога била најголема џамија во светот.
Претставничка на модерната архитектура е џамијата во главниот град Исламабад- Фаисал Масџид. Направена е во облик на бедуинскиот шатор, се смета за национална џамија, место на собирање на Пакистанците од 15 различни етнички заедници и многубројни племиња.
Пакистан е меѓу земјите со најразновидно население. Од 190 милиони Пакистанци, најбројни се Панџабите, потоа Пештуните, Сараиките и Урдите. Речиси 95 отсто од населението го сочинуваат муслиманите.
Оваа шарена демографска слика на Пакистан е одраз на веќевековното мешање на културите, религиите и етничите групи, што може да се примети од тамошната храна, архитектура, книжевноста, сликарството, музиката ...