Adam Abu Bashal
08 Ноември 2017•Ажурирај: 08 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во централниот дел на западноафриканската држава Нигерија, извршен е оружен напад во којшто животот го загубија 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во националните медиуми, оружениот напад е извршен во селото Ријом, во сојузната држава Плато. Во нападот загинаа 11 лица, додека 4 се ранети.
Портпаролот на полицијата соопшти дека селаните што се враќале од пазар биле нападнати од неидентификувани вооружени лица, додавајќи дека е започната истрага во врска со случајот.
Портпаролот на полицијата соопшти дека напаѓачите биле облечени во воени униформи.
Во нигериската држава Плато честопати се случуваат насилни судири меѓу сточарите и земјоделците. Последниот инцидент се случи изминатиот месец, кога вооружени напаѓачи убија 29 лица.