Bilgin S. Şaşmaz
21 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ЧИКАГО (АА) - Во Чикаго, кој е познат како „американски град на криминалот”, во текот на викендот се случија неколку оружени судири во кои животот го загубија 8 лица, а 54 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Чикаго ја соопшти бројката на лица кои за време на викендот настрадале во оружени пресметки. Според овие бројки, во неколку настани, особено во источниот дел на градот, животот го загубиле 8 лица, а 54 биле ранети.
Оваа година во оружени пресметки во Чикаго досега се убиени 422 лица, додека 2.013 се ранети.