04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ВАШИНГТОН/ЊУЈОРК (АА) - Најмалку 22 лица загинаа во големото невреме и торнадата што го зафатија источниот дел на американската сојузна држава Алабама, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници го потврдија бројот на жртвите, меѓу кои има и деца, истакнувајќи дека има и многу повредени лица.
Големото невреме корнеше дрвја и предизвика голема материјална штета на куќите во подрачјето.
„До прекрасните жители на Алабама и околните области: Ве молам бидете внимателни и бидете на безбедно. Торнадата и бурите беа навистина големи, и можно е нивно повторно појавување. До семејствата и пријателите на жртвите, и до повредените, Господ да ве благослови!“, порача Трамп на Твитер.
Торнадото што го погоди округот Ли беше проследено со уште едно можно торнадо.
Објавено е дека невремето предизвикало штета во најмалку шест окрузи во Алабама.
Гувернерот на Алабама, Кеј Ајви, апелираше до жителите да бидат претпазливи, поради можните дополнителни тешки временски услови, изразувајќи сочувство за починатите до нивните семејства.
Во Алабама, Флорида, Џорџија и Јужна Каролина беа издадени предупредувања за појава на повеќе торнада.