свет

Во верижна сообраќајка во САД загинаа 10 лица, од кои 9 деца

Наведувајќи дека во сообраќајната несреќа животот го загубиле и 9-месечно бебе и неговиот 29-годишниот татко во друго возило кое било дел од верижната сообраќајка, Гарлок информираше дека повредените се пренесени во најблиските болници.

Islam Doğru  | 21.06.2021 - Обновена : 22.06.2021
Во верижна сообраќајка во САД загинаа 10 лица, од кои 9 деца ( Архива / АА )

ЊУЈОРК

Десет лица загинаа, од кои 9 деца, во верижна сообраќајка во која учествуваа 18 возила на автопат во американската сојузна држава Алабама. Во оваа сообраќајна несреќа има и голем број повредени лица, пренесува Агенција Анадолија (АА)

Вејн Гарлок, еден од претставниците на власта на областа Батлер, за локалните медиуми изјави дека осум деца, на возраст меѓу 4 и 17 години, кои биле во минибус што и припаѓал на установа за згрижување на деца, го загубиле животот во верижна сообраќајна несреќа што се случила на автопат кој се наоѓа на околу 55 километри јужно од градот Монтгомери.

Наведувајќи дека во сообраќајната несреќа животот го загубиле и 9-месечно бебе и неговиот 29-годишниот татко во друго возило кое било дел од верижната сообраќајка, Гарлок информираше дека повредените се пренесени во најблиските болници.

Се претпоставува дека причина за несреќата е лизгање на возилата во водата акумулирана на автопатот, до кое дошло поради тропската бура Клодета, која е активна во југоисточните држави на земјата.

Националниот одбор за безбедност на сообраќајот на САД на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека 10 инспектори се испратени во регионот за да ја истражат причината на несреќата.

Од друга страна, објавена е веста дека во градот Тоскалоса, во државата Алабама, 24-годишно лице и 3-годишно дете починале како резултат на паѓањето на дрвото врз куќата во која живееле поради тропска бура.

Во исто време, во градот Бирмингем во Алабама продолжува потрагата по исчезнато лице за кое се смета дека е однесено од надојдените води.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.