Islam Doğru
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Првиот смртен случај предизвикан од коронавирусот во Соединетите Американски Држави (САД) е регистриран денес во Вашингтон, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од Одделот за здравство во Вашингтон е соопштено дека починал пациент заразен со коронавирусот во местото Кинг Каунти кај Сиетл.
Во соопштението не се откриени детали за тој случај, како ни идентитетот на починатото лице.
Според претходните извештаи на ресорните американски власти, во САД од коронавирусот заразени се најмалку 66 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи на заразени се потврдени во скоро 50 земји во светот. Во Кина од коронавирусот досега починаа најмалку 2.837 луѓе.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност. Болеста официјално е наречена Ковид-19.