Ekipa
01 Март 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Мухидин Јасин денеска положи заклетва како осми премиер на Малезија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заклетвата ја положи пред кралот Јанг ди Пертуан Агонг ал Султан Абдула Ри’ајатудин ал Мустафа Билах Шах во Палатата на државата.
Кралот вчера го назначи за премиер Мухидин, челникот на Обединетата автохтона партија на Малезија, со цел да стави крај на политичките превирања.
Одлуката беше донесена откако кралот се состана со лидерите на политичките партии за да побара имиња на кандидати за можен премиер.
Махатир Мухамад беше привремен премиер пред да поднесе оставка на 24 февруари.