економија

Кина има трипати повеќе милијардери од САД

Во Кина во последните 12 месеци се појавија 182 нови доларски милијардери, а во САД, и покрај рекордот на берзите, бројката на милијардери изнесува само 59

Bahattin Gönültaş  | 26.02.2020 - Обновена : 02.03.2020
Кина има трипати повеќе милијардери од САД

БЕРЛИН (АА) – Во Кина, во последните 12 месеци се појавија 182 нови доларски милијардери, а во Соединетите Американски Држави (САД), и покрај рекордот во берзите, бројката на милијардери изнесува само 59, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Кинескиот конкурент на магазинот „Форбс“ (Forbes), кој подготвува список на милијардери, го соопшти Глобалниот список на богати 2020 „Хурун“ (Hurun Global Rich List 2020).

Според тоа, заклучно со 31 јануари, во изминатите 12 месеци во Кина, Тајван и Хонгконг, појавени се нови 182 доларски милијардери. И покрај рекордот во берзите во САД, бројката на нови доларски милијардери за изминатата година изнесува 59.

Во Кина, и покрај трговските спорови, вкупниот број доларски милијардери изнесува 799, а во САД бројката се зголеми на 629.

Со тоа САД се најдоа на второто место по Кина, која има 799 доларски милијардери. На третото место на списокот е Индија која има 137 доларски милијардери.

Пекинг, главниот град на Кина, е домаќин на најмногу, 110 доларски милијардери во светот и тоа пет години последователно, Њујорк е втор со 98 доларски милијардери.

Руперт Хугеверф, основач и претседател на Глобалниот список на богати „Хурун“, осврнувајќи се на прашањето, рече дека Кина денес има повеќе милијардери од збирот на САД и Индија.

Џеф Безос, основач и извршен директор на „Амазон“, веќе три години по ред е на врвот на листата на најбогатите луѓе на глобално ниво со богатство од 140 милијарди долари.

Бернар Арно, извршниот директор на компанијата ЛВМХ е на второ место со 107 милијарди долари. Гејтс, основач на „Мајкрософт“, е на третото место со богатство од околу 106 милијарди долари.

Кинезот Џек Ма, основачот на познатата трговска страница alibaba.com, се најде на 21. место на списокот на богаташи со 45 милијарди долари.

Марк Закерберг , основачот на „Фејсбук“ е прогласен за четврто најбогато лице во светот со богатство од 84 милијарди долари.

И покрај трговските спорови со САД, Рен Зенгфеи, основач на кинеската технолошка компанија „Хуавеи“, богатството го зголеми за 7 проценти и со 3 милијарди долари се наоѓа на 903. место на листата на најголеми богаташи во светот.

Претседателот на Управниот одбор на турската компанија „Јилдиз холдинг“, Мурат Улкер, со богатство од 3,4 милијарди долари се наоѓа на 781. место, додека Ерман Илиџак, претседателот на „Ренесанс холдинг“ со 2,9 милијарди долари се наоѓа на 958. место.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.