Servet Günerigök
20 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера го именуваше американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, за вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Со задоволство ви соопштувам дека нашиот високопочитуван амбасадор во Германија, Ричард Гренел, ќе стане вршител на должноста директор на Националното разузнавање“, напиша Трамп на Твитер.
„Рик ја претстави нашата земја многу добро и јас со нетрпение очекувам да соработувам со него. Би сакал да му се заблагодарам на Џо Мегвајер... за прекрасната работа што ја направи и ние со нетрпение очекуваме блиску да соработуваме со него, можеби во друга надлежност во рамките на администрацијата!“, напиша Трамп.
Мегвајер ја извршуваше функцијата од 15 август, кога Ден Коатс се повлече.
Назначувањето на Гренел од страна на Трамп треба да го потврди Сенатот, со што тој ќе стане директор на разузнавањето со редовен мандат.
Според законот, Мегвајер треба да ја напушти позицијата пред 12 март.