Mahmut Atanur
20 Февруари 2020•Ажурирај: 21 Февруари 2020
ТОКИО (АА) - Уште две лица починаа на крузерот во Јапонија, што поради епидемијата на новиот тип коронавирус е ставен во карантин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На крузерот „Дајмонд принцес“ заразата со коронавирусот е дијагностицирана кај над 500 патници, а починаа жена и маж на околу 80-годишна возраст.
Идентитетот на починатите патници не е објавен, а сега бројот на починати како последица на заразата со новиот тип коронавирус е зголемен на три лица.
Минатата недела во Канагава почина жена.