свет

Меркел ги откажа планираните активности поради нападот во Ханау

Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, изјави дека канцеларката поради нападот во Ханау ги откажала планираните активности во градот Хале

Cüneyt Karadağ  | 20.02.2020 - Обновена : 20.02.2020
Меркел ги откажа планираните активности поради нападот во Ханау

БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги откажа денешните планирани активности поради нападот во германскиот град Ханау, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт, изјави дека канцеларката поради нападот во Ханау ги откажала планираните активности во градот Хале.

Тој истакна исто така дека германската канцеларка внимателно ги следи настаните во врска со нападот во Ханау.

Германскиот шеф на дипломатијата, Хеико Мас, преку Твитер истакна дека неговите мисли се со семејството на жртвите и повредените лица.

„Страшниот настан во Ханау нè растажи длабоко сите. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства и роднините. Им посакувам брзо закрепнување на ранетите“, изјави Мас.

Во вооружениот напад на два угостителски објекти во Ханау загинаа девет лица, меѓу кои има и Турци, а ранети се пет лица.

Германската новинска агенција ДПА (DPA), повикувајќи се на портпаролот на полицијата, јави дека е извршен упад во куќата на лицето за кое се верува дека го извршило нападот, и дека покрај телото на напаѓачот е пронајдено уште едно тело. Така бројот на загинати во нападот во Ханау се искачи на 11 лица.

Германскиот весник „Билд“ утринава објави дека напаѓачот што во градот Ханау уби девет лица е радикалниот десничар Тобијас Р.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.