Dildar Baykan
29 Февруари 2020•Ажурирај: 01 Март 2020
ЊУЈОРК (AA) - Постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави во Обединетите Нации Кели Крафт во обраќањето во Советот за безбедност на ОН истакна дека Турција има полна поддршка во врска со одговорот на нападите кои доведоа до смрт на турските војници во Идлиб во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Крафт ја повика Русија итно да ги приземји воените авиони во Сирија, додека Сирија и Русија ги повика да се повлечат на границите предвидени со договорот од Астана.
Во Советот за безбедност на Обединетите нации се одржува вонредна седница во врска со последните случувања во Идлиб во Сирија.
Итната седница се одржува на барање на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Белгија, Естонија и Доминиканската Република.