Esin Işık
29 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
АНКАРА (AA) - Министерството за одбрана на Турција соопшти дека турските сили во Идлиб во Сирија уништија осум тенкови на режимските сили, четири оклопни возила, пет хаубици и два повеќецевни ракетни фрлачи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Турција се наведува дека во последните операции на турските сили во Идлиб се неутрализирани 56 припадници на режимските сили.
Во синоќешниот напад кој силите на решимот на Башар ал Асад го изведоа врз турските безбедносни сили во Идлиб загинаа 33 војници.