Berk Özkan
29 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кабинетот на турскиот претседател се наведува дека е разговарано за ситуацијата во Идлиб во Сирија и за можните последици на тие случувања врз целиот регион.
Исто така разговараа за идните чекори со цел јакнење на соработката на Турција и Бугарија.
Ердоган вечерва телефонски разговараше и со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Двајцата функционери во таа пригода разменија мислења за последните случувања во Идлиб и за другите регионални прашања и билатерални односи.