Erbil Başay,Cüneyt Karadağ
28 Февруари 2020•Ажурирај: 29 Февруари 2020
БЕРЛИН (AA) - Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт изјави дека канцеларката Ангела Меркел ги осуди бруталните напади врз турските трупи во Идлиб во Сирија и повика на запирање на нападите на сирискиот режим и неговите сојузници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зиберт во пишано соопштение наведе дека канцеларката Меркел и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес разговарале телефонски за ситуацјата во Идлиб.
Додаде дека Меркел изразила сочувство по повод смртта на турските војници во нападот на режимските сили во Идлиб.
Портпаролот на германската Влада истакна дека Меркел и Ердоган се согласиле дека во врска со примирјето е потребно што поскоро да се постигне нов договор и дека поради тоа е потребно во најкраток рок да започнат нови политички преговори.
Зиберт исто така напомена дека Меркел на Ердоган му ја пренела солидарноста на германската влада во врска со пружањето хуманитарна помош на раселените во регионот во Идлиб.
Во синоќешниот напад кој силите на режимот на Башар ал Асад го изведоа врз турските трупи во Идлиб загинаа 33 турски војници.