Alma Çekovic
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, порача дека во врска со Северна Кореја ќе делува само една работа, откако претходната американска администрација дискутирала со Пјонгјанг без резултати, пренесува Anadolu Agency (AA)
„Претседателите и нивните администрации зборуваа со Северна Кореја пред 25 години, постигнуваа договори и потрошија многу пари“, напиша на Твитер Трамп и додаде.
„Тоа не делуваше, договорите се кршеа пред да се исуши мастилото, правејќи ги американските преговарачи будали. Извенете, но само една работа ќе делува“!
Американскиот претседател не прецизираше на што поточно се однесува неговата порака. Сепак, во своето обраќање на Годишното собрание на ОН во септември Трамп изјави дека ако режимот на Пјонгјанг продолжи со нуклеарните активности, нема да остане друга опција освен целосно да ја уништи Северна Кореја.
На 3 септември Пјонгјанг го изведе најсилното нуклеарно тестирање од 2006 година. Тоа беше шестото тестирање на нуклеарна бомба на Северна Кореја во последните 11 години.
По овој настан, Советот за безбедност на ОН воведе нови економски и политички санкции за таа земја.