Adham Kako
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека режимот на Башар ал-Асад употребил најмалку 4.784 барелни бомби во нападите извршени во периодот од јануари до септември оваа година ширум зејмата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа го објави месечниот извештај за септември во врска со употребата на барелни бомби од страна на режимот.
Според овој извештај, хеликоптерите на силите на режимот минатиот месец фрлиле 216 барелни бомби, при што загинале најмалку осум цивили, од кои 3 жени и 5 деца.
Во извештајот се наведува дека режимот фрлил најмалку 4.784 барелни бомби во периодот од јануари до септември оваа година, од кои 634 во јануари, 502 во февруари, 495 во март, 938 во април, 412 во мај, 271 во јуни, 224 во јули, и 92 во август.
Според извештајот, силите на режимот после 16 месеци повторно фрлиле барелни бомби во областа Деир ез-Зор во близина на границата со Ирак, каде што беше започната воена операција на почетокот на минатиот месец од режимот.
Како што се вели во извештајот, барелните бомби се користат на систематски начин, со спроведувањето на убивањата режимот го прекршува седмиот член од Римскиот статут и врши злосторство врз човештвото.
Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права се упатува апел до Советот за безбедност при Обединетите нации (ОН) за спроведување сериозни санкции против режимот, во кој се вели дека одлуките на Советот за безбедност на ОН остануваат само зборови, и дека Советот за безбедност ја губи довербата и својата цел.
]Во извештајот се бара да се стави ембарго на оружје кон сирискиот режим, како и да бидат судени лицата и институциите кои обезбедуваат парична и вооружена поддршка за Асадовиот режим.
- Цената е 50 долари, а ефектот е голем -
Режимот ги преферира барелните бомби поради малата цена, и големиот деструктивен ефект. Режимот со овие бомби претежно ги гаѓа цивилните области, и има за цел да предизвика голем број на жртви.
Според количната на експлозивот во барелната бомба, таа може да нанесе штета во опсег од 50 до 200 метри.