Elena Teslova
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
МОСКВА (АА) – ЕЛЕНА ТЕСЛОВА
Вјачеслав Никонов, еден од пратениците на Думата, пониското крило на рускиот Парламент, го дефинира Фетулах Ѓулен како „човек на Америка“ и тврди дека Ѓулен имал врски со Централната разузнувачка агенција на Америка (ЦИА), јавува Anadolu Agency (AA).
Никонов за дописникот на АА во врска со обидот за државен удар на ФЕТО, од 15 јули, изјави: „Мислам дека главната фигура во обидот за државен удар е Фетулах Ѓулен. Фетулах Ѓулен сега живее во САД и управува со една голема империја, која ги опфаќа бизнис-светот, медиумите, училиштата, универзитетите и невладините организации.
Понатаму, во својата изјава, рускиот пратеник вели: „Врските на Ѓулен во Турција излегуваат на виделина. Освен тоа, јасно е дека Ѓулен е човек на Америка. Тој има блиски односи со ЦИА“.
- „САД не покажуваат став што доликува на партнерство“ -
Експерт за Турција од Московскиот државен универзитет на Институтот за азиски и африкански студии, доц. д-р Павел Шликов, изјави: „САД и Турција, над сè друго се сојузници во НАТО. Забележуваме дека Вашингтон кон Анкара не покажува став што доликува на партнерство“.
Шликов рече дека не бил изненаден од тоа што Фетулах Ѓулен си го негирал кривичното дело за обидот за државен удар.
„Да го признаеше, тогаш ќе бев изненаден. САД индиректно го поддржуваат Ѓулен, со тоа што му дозволува да остане во државата. САД обидувајќи се да го минимизираат користењето на базата Инџирлик, повеќе се концентрираат на базата во северен Ирак. Тоа е доказ дека индиректно учествуво во пучот“ додаде Шликов.
- „Ердоган е политичар кој настаните ги гледа од широка перспектива“ -
„Обидот за државен удар докажа дека мнозинството од народот го поддржува претседателот Реџеп Таип Ердоган“ рече Владислав Вдовин, кој е новинар и турколог.
„Ердоган е политичар и стратег, кој настаните ги гледа од широка перспектива“ вели Вдовин и додава: „Ердоган за време на обидот за пуч направи еден добар потег што ги повика луѓето да излезат на улиците и така не им дозволи на пучистите да бидат успешни“.
Вдовин, кој го критикува ставот на медиумите на Западот кон Ердоган, рече: „Ако се сеќавате, по претседателските избори во Турција, медиумите на Западот рекоа дека имало неправилности на изборите. Но обидот за пуч докажа дека мнозинството од народот го поддржува Ердоган. Доколку граѓаните не го поддржуваа Ердоган, немаше да излезат на улица. Никој да не го кажува спротивното. Ердоган беше демократски избран од страна на мнозинството од народот“.