?kipa
02 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
АНКАРА (АА) - Сириска мрежа за човекови права (СНХР) објави дека минатиот месец во Сирија се убиени 1.241 цивил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на СНХР за граѓанската војна во Сирија се вели дека минатиот месец се убиени 1.241 цивил, од кои 1.006 се убиени во нападите на силите на режимот и Русија.
Во извештајот се истакува дека од вкупниот број злосторства во Сирија, 92 отсто се извршени во Источна Гута од силите на режимот. Од почетокот на годината досега, во граѓанската војна во Сирија се убиени 3.404 цивили.
Според извештајот на СНХР, 80 отсто од убиените се жртви на алијансата на режимот на Асад и Русија. Само во март во нападите на силите на режимот животот го загубија 914 цивили, од кои 203 деца и 186 жени.
Во извештајот се наведува дека 12 лица од убиените починале од измачување. „Силите за кои се верува дека ѝ припаѓаат на Русија убија 92 цивили, меѓу кои 46 деца и 14 жени“, се наведува во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR).
Покрај тоа, во извештајот се истакнува дека цивилите се цел на напади во 90 отсто од случаите.
СНХР во извештајот наведува дека е потребно државите што ги поддржуваат Сириските демократски сили (СДГ), кои се предводник на терористичката организација ПЈД/ПКК, да извршат притисок врз оваа сила за да прекине со сите постапки што ги извршува на териториите што се под нејзина контрола, и да побараат прекин на испораката на оружје.