Adham Kako
07 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Од почетокот на годината до сега во Сирија со мачење се убиени најмалку 185 лица, меѓу кои се наоѓаат и новинари и здравствени работници, се вели во податоците на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), јавува Anadolu Agency (AA).
Од таму наведоа дека за време на извршување на работните обврски од јануари до септември се убиени 36 припадници на медиумите и 93 здравствени работници.
Податоците покажуваат дека само во септември со мачење се убиени 24 лица. Во извештајот на SNHR наведено е дека на почетокот од граѓанската војна во Сирија траат мачењата на невини луѓе.
Во септември се убиени четири претставници на медиумите, а од почетокот на годината 36. Убиени се од режимските сили, Русите и опозицијата. Во нападите извршени врз здравствените центри загинаа најмалку 93 здравствени работници.
SNHR наведува и дека во првите девет месеци оваа година биле затворени најмалку 4.800 лица. Меѓу нив се наоѓаат жени и деца.