Gülşen Topçu
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
КИРКУК (АА) - На северозападниот дел на Ирак, на подрачјето на Киркук, пронајдени се десет масовни гробниви, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамид ел-Убејди од полицијата на Киркук потврди дека се пронајдени посмртни остатоци од војници и цивили убиени од страна на терористичката организација ДЕАШ.
Според неговите зборови, пронајдени се десет масовни гробници и ја информираа власта во овој случај со цел идентификација на убиените.
Ирачките безбедносни сили пред два дена го ослободија градот Хави во северната ирачка област Киркук од припадниците на терористичката организација ДЕАШ.
Ослободувањето на едно од последните упоришта на ДЕАШ во Ирак го потврди портпаролот на ирачките безбедносни сили, Абдул Амир Јарула.
Ирачките безбедносни сили на почетокот од месецот ослободија 25 села и воен аеродром на западниот дел на областа Киркук во рамките на операцијата на ослободување на Хави.
Хави е градче кое се наоѓа западно од центарот на Киркук, јужно од Мосул и кое од летото 2014 година го контролираат терористите на ДЕАШ. Откако здружените ирачки сили го ослободија Мосул, а потоа и Тал Афар, терористите на ДЕАШ ги концентрираа своите сили во Хави.