Adham Kako
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
АНКАРА (АА) - Во текот на месец март во Сирија беа затворени повеќе од 1.000 лица, вклучувајќи 38 малолетници и 110 жени, покажува Извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во Извештајот се наведува дека силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во минатиот месец затвориле дури 1.096 лица, а само во околината на Дамаск, 749 лица.
СНХР наведува дека припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК затвориле 12 лица, вклучувајќи и две деца, а опозициските воени групи, седум лица.
Припадниците на терористичката организација ДЕАШ фатија и затворија 21 лице во Дамаск, Дера и Деир ез Зор.
Од СНХР потсетија дека во првите три месеци оваа година биле затворени 2.171 лица. Повикаа на што побрзо ослободување на жените и децата, и побараа овој извештај да се разгледа на следните преговори во Женева.