Hakan Çopur
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја веќе активно работи на планот на излегување од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Работиме на планот на излегување од Сирија. Доколку Саудиска Арабија сака да останеме во Сирија ќе треба да плати за тоа", рече Трамп на конференција за медиумите во Белата куќа.
Нагласи дека земјите кои сакаат САД и понатаму да остане во војната во Сирија ќе мораат да му платат на Вашингтон за воено присуство во таа земја.
Саудиска Арабија претходно порача дека американските сили и понатаму остануваат во Сирија.
Трамп нагласи дека Саудијците можеби ќе мора да ја „платат сметката" за продолжување на операцијата на САД во таа земја.
„Саудиска Арабија е многу заинтересирана за нашата одлука. Јас за тоа им реков 'Добро, Вие сакате да останеме, но можеби ќе морате да платите за тоа", рече Трамп.
Напомена дека САД ќе спроведува бројни активности во Сирија.
„Го правиме тоа од многу причини. Но тоа е и многу скапо за нашата земја, а им помага на другите земји повеќе отколку нам. Затоа ќе мора да донесеме одлука за тоа", рече Трамп.
Потсетуваме, Трамп кон крајот на март изјави дека американските сили наскоро ќе се повлечат од Сирија, додавајќи дека тој момент е многу блиску и нагласи дека другите треба повеќе да се интересираат за таа земја.