Adel Ömeragic
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
ЦЕТИЊЕ (АА) - На пет километри од црногорнскиот град Цетиње се наоѓа првиот спелеолошки локалитет во Црна Гора, наменето за туристички посети, Липската пештера. Станува збор за единствената пештера којашто е валоризирана за туристички посети во Црна Гора, а за две години оваа туристичка атракција ја посетиле над 30.000 посетители, јавува Anadolu Agency (AA).
Липската пештера е отворена во 2015 година. Со системот од 2,5 километри долги премини, сала и галерија, денес претставува една од најважните туристички атракции на Црна Гора.
- Невообичаени декорации од мраз -
Екипата на АА ја посети Липската пештера и се увери во автентичноста на ледените сали на пештерата, од кои најубава е Његошевата, по патот наидувајќи на необични ледени украси. Во Липската пештера природата извајала уникатни форми на пештерски украси, сталактити и сталагмити, кои оставаат незаборавен впечаток кај посетителите.
Директорот за маркетинг и продажба во туристичката компанија „Липска пештера“, Милена Раичевиќ, во интервју за АА истакна дека пештерата е отворена за посетители секој ден.
„Липската пештера е прва и единствена пештера во Црна Гора, која е валоризирана и отворена за масовни посети. Липската пештера се наоѓа на територијата на Цетиње, само пет километри од центарот на градот. Пештерата во сезоната работи секој ден, туристите доаѓаат од 10 часот до 16 чассот во попладневните часови. Со тоа работно време работиме до крајот на октомври“, вели Раичевиќ.
Пештерата е отворена и по октомври, во зависност од временските услови.
„Липската пештера е отворена во 2015 година, а во последните две сезони имавме над 30.000 посетители. Пред нас е третата сезона, а точните статистички податоци за посетите ќе ги имаме кога сезоната ќе заврши“, вели Раичевиќ.
- Његошевата сала -
Оние кои се најмногу заинтересирани за посета на овој скапоцен дел од природата, претежно се странци. Тие од водичите на неколку јазици добиваат објаснувања за пештерата. Влезот во пештерата почнува со влезат во тунелот што води кон подземјето. Веќе на вратата се чувствува прилично силен ветер и значителна разлика во температурата. Посетителите беа особено импресионирани од Његошевата сала во внатрешноста на пештерата.
„Његошевата сала е најпознатата сала на нашата пештера, со оглед на тоа што нејзиното име датира од откривањето на Липската пештера, а нејзиното име е во чест на Петар Втори Петровиќ Његош, кој даде наредба да се истражи Липската пештера. Од времето на Његош, Липската пештера ја посетија голем број истражувачи од различни земји, а истражувањето продолжува и во 20-от и 21-от век“, вели Раичевиќ.
Таа напоменува дека за откривањето на Липската пештера се поврзува со приказна на овчар од блиското село кој паднал низ една јама.
„На крајот испадна дека под оваа јама се наоѓа Липската пештера. Она што ние го знаеме е дека пештерата во историјата трипати била отворена за посетители, за првпат во почетокот на 20. век, а потоа во 60-те години на 20. век и третиот и последн пат во 2015 година“, вели Раичевиќ.
- Температура помеѓу 8 и 12 степени Целзиусови -
Зборувајќи за длабочината на пештерата, односно за температурата во внатрешноста на пештерата, Раичевиќ вели дека со околу 500 метри надморска височина, посетителите се спуштаат околу осум ката од една зграда во длабочините на пештерата.
„Ние сакаме тоа така да им го опишеме на нашите посетители. Што се однесува до температурата во пештерата, тоа секогаш е константна и варира од 8 до 12 степени Целзиусови. Така што во кое било време од годината да нѐпосетите, ве очекува истата температура, а особено за време на летните месеци, ве советуваме да си понесете јакна“, истакна Раичевиќ.