Admir Fazlagic
20 Август 2017•Ажурирај: 21 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) – Најмалку 26 лица се повредени откако автобус кој се движел на автопатот Велес-Скопје, изгубил конрола и слетал од патот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Автобус со македонски таблички кој се движел на автопатот Велес-Скопје денеска околу 18 часот изгубил контрола и слетал од патот при што се повредиле патници кои се македонски државјани. Во скопските клиники се пренесени 18 повредени патници, додека 8 повредени патници се пренесени во велешките клиники каде им се укажува лекарска помош”, потврдија за Anadolu Agency (AA) од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Од таму додаваат дека автобусот се превртел во близина на патарината Сопот, која е одалечена на само неколку километри од градот Велес.
Меѓудругото, од МВР соопштија дека на терен е излезен јавен обвинител кој врши увид на местото на настанот.