Serdar Bıtmez,Hacer Başer
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
ДОХА (АА) - Премиерот на Катар, Абдула бин Наср бин Халифа Ал Тани, поднесе оставка од премиерската функција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на Твитер профилот на катарската официјална новинска агенција (QNA) се вели дека премиерот Ал Тани поднел оставка од неговата функција.
Катарскиот емир шејхот Темим бин Хамед Ал Тани ја прифати неговата оставка, а за нов премиер на земјата го назначи Халид бин Халифа бин Абдулазиз Ал Тани.
Во соопштението не се дадени детали за причините за оставката.