Ömer Faruk Yıldız
24 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Малезискиот премиер Махатир Мухамед поднесе оставка откако не успеаја напорите за формирање нова коалиција со опозициските партии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на премиерот се истакнува дека Махатир утрово го испратил писмото за оставка до кралската палата „Истана Негара“.
Во веста објавена во весникот „Малај мејл“ (Malay Mail) се тврди дека по оставката на Махатир, сегашната владејачка коалиција „Алијанса на надежта“ ќе се распушти и можно е земјата да оди на предвремени избори.
Исто така, во написот се тврди дека вицепремиерот Ван Азизах Ван Исмаил ќе биде назначен за премиер.
Неколку часа по својата оставка, премиерот на Малезија имаше средба со лидерот на Партијата на народната правда (PKR), Енвер Ибрахим, на кого му вети дека ќе му ја предаде функцијата премиер.
- Дебати за нова владејачка коалиција -
Вчера наутро, раководството на партијата и пратениците предводени од Махатир се собраа во седиштето на Обединетата малајска национална партија (PPBM).
Махатир покрај со партиите Обединета малајска национална партија (PPBM) и Партијата на народната правда (PKR) се состана и со раководството на опозициската Малезиска исламистичка партија (PAS) во покраината Селангор.
Малезискиот печат тврди дека на состаноците се направени подготовки за прогласување на новата владејачка коалиција.
По вчерашните разговори, заменик-претседателот на Партијата на народната правда (PKR), Азмин Али, потврдувајќи го планот за нова коалиција, рече дека сè уште нема да биде објавена.
- Енвер Ибрахим ги толкуваше средбите како „предавство“ -
Енвер Ибрахим, лидерот на Партијата на народната правда (PKR), кој се наоѓа во центарот на дискусиите, во изјавата за медиумите во врска со разговорите за новата коалиција рече дека коалициските партнери направиле предавство.
Наведувајќи дека ги добил информациите оти новата владејачка коалиција може да биде објавена многу скоро, Енвер рече: „Иако сè уште нема соопштение, напорите за ова прашање продолжуваат.“