свет

Бројот на починати од коронавирусот во Иран порасна на 12 лица

Министерот за здравство на Иран, Саед Намаки, до Парламентот поднесе извештај за случаите со коронавирус

Muhammet Kurşun  | 24.02.2020 - Обновена : 25.02.2020
Бројот на починати од коронавирусот во Иран порасна на 12 лица Фото: Muhammet Kurşun/AA

ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус е зголемен на 12, пренесува Агенција Анадолија (АА).

- Ирански парламентарец тврди дека од коронавирусот во земјата починале 50 лица -

- Иранската администрација ги демантираше наводите за 50 починати од коронавирусот во Ком -

Министерот за здравство на Иран, Саед Намаки, до Парламентот поднесе извештај за случаите со коронавирус, јави државната телевизија.

Во извештајот се наведува дека бројот на починати е зголемен на 12, а дека со новиот тип коронавирус се заразени 47 лица.

Во светот со новиот тип коронавирус се заразени повеќе од 79.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın