свет

Ирански парламентарец тврди дека од коронавирусот во земјата починале 50 лица

Фарахани истакна дека во регионот нема доволно соодветни медицински сетови и опрема, при што медицинскиот персонал прегледува заразени пациенти без да има опрема за заштита од вируси

Burak Bir  | 24.02.2020 - Обновена : 24.02.2020
Ирански парламентарец тврди дека од коронавирусот во земјата починале 50 лица

ИСТАНБУЛ (АА) - Во последните две недели, од коронавирусот во иранскиот град Ком, во северниот дел на земјата, починале најмалку 50 лица, објавија денес локалните медиуми цитирајќи ирански пратеник, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според Иранската полудржавна новинска агенција ИЛНА (ILNA), во иранскиот Парламент обраќање имал пратеникот Ахмед Амириабади Фарахани.

Фарахани истакнал дека во регионот нема доволно соодветни медицински сетови и опрема, при што медицинскиот персонал прегледува заразени пациенти без да има опрема за заштита од вируси.

„Многу од аптеките немаат маски“, додаде тој.

Претходно во текот на денот, иранската државна телевизија објави дека бројот на починати од вирусот во земјата се искачил на 12, и дека потврдени се 47 случаи со коронавирус.

Турција вчера привремено ја затвори границата со Иран и ги запре летовите од Иран со цел да спречи ширење на вирусот.

Во Кина, епицентарот на вирусот, бројот на починати достигна 2.594 лица, со над 77.000 потврдени случаи на коронавирусот Ковид-19.

Поради проширувањето на вирусот во глобални рамки, Светската здравствена организација (WHO) прогласи состојба на глобална опасност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın