Zülfiya Yakup
11 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ПРИШТИНА (АА) - Утрово во 7 часот се отворени гласачките места ширум Косово за предвремените парламентарни избори на кои граѓаните ќе гласаат за новиот состав на Собранието на Косово. Ова се 6. парламентарни избори во Косово по војната од 1999. година и трети предвремени избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Право на глас на овие избори имаат 1.872.941 граѓани. Меѓу нив се и 155. 202 нови гласачи. Од државјаните на Косово, кои живеат во странство, за гласање преку пошта се регистрирани 15.118 гласачи. Се гласа во 889 гласачки центри со вкупно 2.490 гласачки места. Гласањето трае од 7 до 19 часот.
Централната изботна комисија акредитираше 29. 264 домашни и меѓународни набљудувачи. Меѓу нив се и околу 100 набњудувачи од изборната набљудувачка мисија на ЕУ
За одржување на изборниот процес се задолжени и Полицијата на Косово и Државното обвинителство.
Во ЦИК се верификувани 26 политички субјекти за овие избори, 5 коалиции, 19 политички партии и 2 граѓански иницијативи.
Ос 26-те субјекти, 5 се од албанската мнозинска заедница и 21 од немнозинската заедница.
Албанските субјекти имаат номинирано кандидати за кандидати за премиер на Косово.
Деморкатската партија на Кадри Велсели, склучи коалиција со опозициската партија Алијанса Албанците за иднина на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Иницијативата за Косово (Нисма), на Фатмир Лимај, а за премиер е кандидиран лидерот на Алијансата Харадинај.
Од друга страна формирана е коалиција на Демократски сојуз на Косово, на Иса Мустафа - Алијанса за ново Косово (АКР), на Беџет Пацоли - Алтернатива, на Мимоза Кусари- Лила. Мустафа се откажа од повторната кандидатура за премиер и местото му го препусти на својот близок партиски соработник Авдулах Хоти, досегашниот министер за финансии.
Досега најголемото опозициско Движење Самоопределување на изборите излегува сама и нејзиниот кандидат за премиер е Албин Курти, висок функционер и основач на движењето.
Иако опозицијата го иницираше рушењето на Влаадата, Владата падна со гласовите на пратениците на Демократската партија на Косово (ПДК), која беше дел од владејачката коалиција заедно со Демократски сојуз на Косово (ЛДК).