Barış Seçkin
10 Март 2024•Ажурирај: 11 Март 2024
ВАТИКАН (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, упати порака на солидарност со муслиманскиот свет во пресрет на месецот на постот Рамазан, известува Анадолу.
„Вечерва нашите браќа муслимани го започнуваат месецот Рамазан. Ја изразувам својата блискост со сите нив“, порача папата Франциск во текот на обраќањето пред верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.
Папата рече дека се моли и за мир во Украина и на Блискиот исток и изрази надеж дека судирите, кои предизвикаа големи страдања на цивилите, ќе завршат што е можно поскоро.