?????
15 Ноември 2015•Ажурирај: 16 Ноември 2015
ВАТИКАН (AA) - Папата Фрањо неговата неделната миса ја посвети на настаните во Париз, каде што тој предупреди дека употребата на името на Создавателот во терористичките напади е навреда за Создавателот, пренесува Anadolu Agency (AA).
"Сакам да истакнам дека омразата и насилството не можат да ги решат проблемите на човештвото. Користењето на името на Создавателот во спроведувањето на насилство, е навреда за Создавателот", рече папата.
Тој изрази длабока жалост поради нападот што се одржи и изрази сочувство до претседателот на Франција Франсоа Оланд и францускиот народ и семејствата на жртвите, рече дека сочувствуваат со нив.
По проповедит, со едноминутно молчење им е одадена почит на сите убиени во нападите во Париз, кои се случија во петокот вечерта.
Потоа папата ги повика верниците заедно да се помолат за сите жртви. Во Ватикан, како и голем број градови во светот безбедносните мерки се зајакнати.