Ekipa
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
ОСВИЕЧИМ (AA) – Папата Фрањо се состана со неколку преживеани од концентрациониот логор Аушвиц, во текот на историската посета на спомен-местото на југот од Полска, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата одеше од еден до друг човек, застана кај секого, ги зема за раце и ги бакна во двата образа. Една жена му ја бакна раката, а папата издвои време за да размени неколку зборови со преживеаните.
Потоа зеде голема бела свеќа, ја запали и ја стави на sидот на смртта, местото на кое се помоли за погубените логораши. Потоа отиде во една од мрачните затворски ќелии и се помоли за жртвите.
Папата Фрањо својата посета на злогласниот нацистички логор ја започна со пронаоѓањето на мрачниот натпис „Работата ослободува“ (Arbeit macht frei), кој се наоѓа на влезот во Аушвиц.