Nazlı Yüzbaşıoğlu
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу кој се наоѓа во официјална посета на Кувајт, беше примен од премиерот Шејх Сабах Халид ел-Хамед ес-Сабах, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата што ја сподели на својот профил на Твитер, министерот Чавушоглу истакна дека имале продуктивна средба со кувајтскиот премиер, Шехј Сабах.
„Сакаме блиска соработка со кабинетот кој ќе се формира. И покрај пандемијата го зачувавме нашиот обем на трговија. Многу сме задоволни од тоа што турските градежни компании преземаат важни проекти во Кувајт“, нагласи министерот Чавушоглу.
Според информациите добиени од дипломатски извори, Чавушоглу се сретна и со претседателот на Кувајтското национално собрание Мерзук Али ал-Ганим.