Fatjon Cuka
15 Март 2016•Ажурирај: 15 Март 2016
ТИРАНА (АА) - Во aлбанскиот главен град, Тирана, денеска официјално беше откриен споменик на поглаварот на Римокатоличката црква папата Францис, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченото откривање на споменикот на папата Фрaнсис, на булеварот "Deshmoret е Kombit", присуствуваа голем број гости и официјални лица, вклучувајќи го и претседателот на Албанија, Бујар Нишани.
„Соживотот меѓу етничките и верските заедници нè направи посебни, не само во регионот, туку и во целиот свет. Оваа ретка вредност треба да се прошири и на другите народи, во ова време кога верата се злоупотребува”, рече албанскиот претседател, Бујар Нишани, за време на откривањето на споменикot на папата Францис.
Папата Фрaнцис на 21-ви септември 2014 година ја посети Албанија, тоа беше неговата прва официјална посета на европска земја. Пред него, Албанија, на 25-ти април 1993 година ја посети папата Јован Павле Втори.