İlker Girit
23 Ноември 2017•Ажурирај: 24 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Ватикан синоќа потврди дека поглаварот на Римокатоличката црква, папата Францис, следната недела ќе ги посети Мјанмар и Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на ватиканската администрација, Грег Берк, соопшти дека папата Френсис ќе се состане со шефот на Армијата на Мјанмар.
Бурк рече дека црквата во Мјанмар од папата Францис побарала да не се користи името Рохинџа за муслиманското малцинство во Aракан, бидејќи владата на Мјанмар тој назив го смета за спорен.
Сепак, името Рохинџа не е забрането, а папата Францис веќе го користел во претходните обраќања пред јавноста.
Папата Францис за време на неделната миса во август годинава, во обраќањето пред верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан кажа дека е тажен за веста за прогонувањето на браќата и сестрите Рохинџа во Мјанмар.
Папата в понеделник ќе го посети Мјанмар, а на 30 ноември ќе отпатува во посета на соседен Бангладеш. За време на дводневната посета, папата Францис ќе ги посети и бегалците од Мјанмар во Бангладеш.
Aраканските муслимани Рохинџа со години се најранливото етничко малцинство во светот, а од 25 август, тие се соочуваат со нов бран насилство во регионот Аракан во Мјанмар.
Под изговор за борба против милитантните групи, армијата на Мјанмар уништи најмалку 300 муслимански села, од кои повеќе од 600.000 локални жители беа принудени да избегаат во соседен Бангладеш.
Во најновите извештаи на Обединетите нации се наведува дека насилството во Мјанмар ги има сите одлики на злосторство против човештвото.