Ekipa
16 Април 2016•Ажурирај: 16 Април 2016
АТИНА (АА) - Грчката државна телевизија ЕРТ ја пренесе веста дека папата Францис понуди да однесе со себе десет бегалци од отокот Лезбос на кој пристигна денес, јавува Anadolu Agency (AA).
ЕРТ наведува дека заминувањето во Италија ќе биде понудено на осум сиријски и два авганистански државјани. Вклучувањето на авганистанските државјани во оваа приказна има симболично значење, бидејќи нив Европа не ги смета за бегалци туку за економски мигранти и автоматски ги одбива нивните барања за азил.
ЕРТ не го наведе изворот на оваа информација. На прашањето да ги потврди ови наведувања, Федерико Ломбарди, потпаролот на Ватикан, изјави: "Немам што да кажам во овој момент".