Muhammed Bilal Kenasari
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за надворешни работи на САД ја предаде американската Конгресна листа на земји за кои се води загриженост во врска со верските слободи, пренесува Anadolu Agency (AA).
По тој повод на дневната конференција за медиуми, зборуваше потпаролот на министерството, Џон Кирби.
Тој изјави дека на листата земји за кои САД е загрижен се Саудиска Арабија, Иран, Мјанмар, Кина, Еритреја, Северна Кореја, Судан, Туркменистан, Узбекистан и Таџикистан.
"Ќе продолжиме да работиме заедно со владата и невладините организации со цел да ги заштитиме човековите права и верските слободи и да воспоставиме мир и стабилност", изјави Кирби.