Dildar Baykan
01 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
ВАШИНГТОН
Американската администрација во списокот за санкции вклучи една кинеска владина агенција и двајца кинески раководители со образложение дека ги кршат човековите права на Ујгурите и во автономниот регион Синџианг Ујгур, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на Министерството за финансии на САД се нагласува: „Вклучуваме кинеска владина агенција и двајца владини службеници на списокот со санкции, поврзани со сериозни кршења на човековите права врз етничкото малцинство во автономниот регион Ксинџијанг Ујгур.“
Се посочува дека институциите и лицата за кои станува збор се обвинети за за големи апсења и насилно физичко малтретирање меѓу Ујгурите.
Во се наведува дека станува збор за институцијата „Xinjiang Production and Construction Corps“, додека лицата се претходен раководител во истата институција Сун Жинлонг и сегашниот раководител Пенг Жиаруи.
„Како што рековме претходно, американското Министерство за финансии е решено да ја искористи целата своја финансиска моќ за да бара одговорност за кршење на човековите права во Ксинџијанг и низ целиот свет“, нагласи Стивен Мнучин, министерот за финансии на САД.