Aylin Dal
01 Август 2020•Ажурирај: 02 Август 2020
АНКАРА
Шест терористи на терористичката организација ПКК се неутрализирани во областа Гара во северен Ирак, како резултат на координираната операција на турските вооружени сили (ТСК) и Националната разузнавачка служба (МИТ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како резултат на координираната работа на турските вооружени сили и МИТ, 6 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК се идентификувани во регионот Гара на северот на Ирак. Неутрализирани со воздушни операции“, се наведува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.