Ilkay Guder
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
АНКАРА (АА) - До АА пристигнаа снимките од нападот на Разузнавачката служба на Турција (МИТ) од ноќта во која терористичката организација ФЕТО се обиде да изврши државен удар. Првиот напад на Националната организација за разузнавање беше извршен од влезот на зградата.
Во започнатиот напад на 15 јули, ноќта во 22.00 часот, меѓу првите цели на ФЕТО беше зградата во која се наоѓаа вработените на разузнавачката служба.
Според видеоматеријалот на АА, додека траеше нападот со хеликоптер на зградата на разузнавачката служба, забележани се граѓани со турски знамиња кои доаѓаат да ја бранат зградата.
- Вработените на разузнувачката служба отворија оган од автоматско оружје
Вработените на разузнувачката служба за да ги запрат учесниците во ударот, со автоматско оружје отворија оган врз хеликоптер.
Од друга страна, на напад со хеликоптер беа изложени и подвижните возила што беа во близина на зградата на разузнавачката служба. Од паника некои од возачите ја променија насоката на движење, а други пак останаа на своите места.