Mümin Altaş
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили извршиja напади врз упориштата на терористичката и сепаратистичка организација ПКК на планината Гара во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен претставник за АА рече дека акцијата била спроведена врз основа на веродостојни разузнавачки информации и дека воздушните напади уништиле складишта за оружје, засолништа и бункери.
Во акцијата учествувале вкупно 22 турски воени авиони Ф-16 и Ф-4 2020.
Планината Гара се наоѓа во северниот дел на Ирак во близина на планината Кандил, а станува збор за подрачје кое е колевка на терористичкото движење ПКК.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија.