Servet Günerigök,Hale Türkeş
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
АНКАРА (АА) - Децата од целиот свет имаа прилика да се состанат со водачките турски политичари денес, по повод Ден на детето, кој на 23ти април се обележува во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Секоја година ги повикуваме децата да го прославиме 23-ти април, кој претставува основа на модерниот турски парламент”, порача Мустафа Кемал Ататурк во 1920 година, кога е донесена одлуката за денот да биде посветен на децата , како би биле нагласени нивните улоги кога станува збор за иднината на Турција.
Деца од 21 земја, вклучувајќи ги БиХ, Грузија, Македонија, Украина, Азербејџан, Бангладеш, Ирак и Србија, се поздравени во палатата Чанкаја од страна на парламентарецот Исмаил Кахраман и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
„Сите ние сме деца на Адам и Ева, па тоа е причината што сите сме браќа и сестри. Дури и ако бојата на нашата кожа, нашата раса и земја во која живееме се различни, ние сме деца на исти родители”, им порача Кахраман.
Премиерот Давутоглу додаде: „ Денес палатата Чанкаја го доживува својот најсреќен ден. Најубавите срца на светот се тука. Нашите деца, кои ќе градат најдобра иднина на светот се тука”.