Ahmet Dursun
01 Август 2020•Ажурирај: 02 Август 2020
АНКАРА
Иран соопшти дека е фатен лидерот на антирежимската група организирана во Соединетите Американски Држави (САД), која е обвинета и за организирање терористички акти во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на иранското Министерство за разузнавање се истакнува: „Џемшид Шармехд, лидерот на терористичката организација Тондер кој вооружените акции и саботажните операции во Иран ги води од САД е фатен од страна на Министерството за разузнавање.“
Анти-режимската и про-монархиска организација, позната како „Тондер“ и „Собрание на иранско кралство“,чиј центар е во САД е обвинета за организирање вооружени акции и саботажа низ целата земја. На 12 април 2018 година во терористичката акција во градот Шираз, загинаа 14 лица, а повредени се 215 лица.
Познато е дека Џемшид Шармехд, е лидер на организацијата, и во државата Калифорнија, САД спроведува медиумски активности против Иран.
Во американските медиуми беа објавени информации дека иранското разузнавање се обидело да го убие Шармехд во 2009 година во Лос Анџелес.