Ali Cura
01 Август 2020•Ажурирај: 02 Август 2020
МОСКВА
Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко истакна дека клиничките испитувања за вакцината против новиот вид на коронавирус (Ковид-19) развиени од институтот Гамалеја (Gamaleya) се завршени и се подготвуваат документите за регистрација“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мурашко во изјавата за медиумите се осврна на студиите за откривање на вакцина за Ковид-19 во неговата земја.
Мурашко истакна дека по регистрирањето најпрвин ќе се вакцинираат здравствените работници и наставниците.
Министерот исто така, посочи дека Министерството за здравство на Русија од октомври планира да спроведе поголема масовна вакцинација.
Потсетувајќи дека кандидатите за вакцина развиени од Институтот за вирологија Вектор исто така е во фаза на клиничко испитување, Мурашко рече дека во наредните 1,5- 2 месеци очекуваат пријавување на доброволци за да може да тестираат уште двата кандидати за вакцина против Ковид-19.