свет

Во Италија прв смртен случај од вирусот „Ковид-19“

„Иако постојат нови случаи на заразување, ситуацијата е под контрола. Нема место за паника. Имаме план и го спроведуваме“, рече италијанскиот премиер Џузепе Конте

Barış Seçkin  | 22.02.2020 - Обновена : 23.02.2020
Во Италија прв смртен случај од вирусот „Ковид-19“

РИМ (АА) - Во Италија е забележан прв смртен случај како последица од заразување со вирусот „Ковид-19“ (коронавирус), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа во Италија се забележани 17 нови случаи на заразување со коронавирусот, меѓу кои едно лице почина.

Функционерите потврдија дека синоќа во болница починало 78-годишно машко лице во италијанскиот регион Венето.

Претседателот на Регионалната управа Венето, Лука Зала, во изјава за италијанската агенција АНСА рече дека во болница починал 78-годишен маж што во последните 10 дена бил на лекување.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, кој овие денови претстојува во Брисел по повод Самитот на лидерите на ЕУ на кој се разговара за буџетот, ја коментираше состојбата околу заразувањето со коронавирусот во неговата земја.

„Иако постојат нови случаи на заразување, ситуацијата е под контрола. Нема место за паника. Имаме план и го спроведуваме“, рече Конте.

Со новиот тип коронавирус што се појави во кинески Вухан, низ светот се заразени повеќе од 77.000 луѓе, а починаа најмалку 2.360 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın